Зелениот картон поевтинува за 30 проценти

Bez autora
Jun 01 2011

Цената на осигурувањето од автоодговорност, популарно наречен зелен картон ќе се намали на првата седница на новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Hамалувањето се очекува да изнесува најмалку 30 проценти. Ваквата вест пред стартот на туристичката сезона македонските граѓани нестрпливо ја очекуваа бидејќи сметаат дека ова осигурување кај нас е најскапо, а кај нашите соседи се нуди по популарни цени. Македонската Влада интензивно преговара со осигурителните компании. Имаме и завршни сметки за 2010 година кои покажуваат дека има простор за намалување на цената на зелениот картон. Можам да најавам дека на првата седница на владата која ќе ја формираме ќе донесеме одлука за намалување на цената на зелениот картон и очекувам тоа да не биде помало од 30 проценти и за транспортерите и за граѓаните.

Зелениот картон поевтинува за 30 процентиЦената на осигурувањето од автоодговорност, популарно наречен зелен картон ќе се намали на првата седница на новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации од Министерството за финансии, намалувањето се очекува да изнесува најмалку 30 проценти. Ваквата вест пред стартот на туристичката сезона македонските граѓани нестрпливо ја очекуваа бидејќи сметаат дека ова осигурување кај нас е најскапо, а кај нашите соседи се нуди по популарни цени.

Македонската Влада интензивно преговара со осигурителните компании. Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, Владата направи анализи на состојбите во осигурителните друштва.

- Имаме и завршни сметки за 2010 година кои покажуваат дека има простор за намалување на цената на зелениот картон. Можам да најавам дека на првата седница на владата која ќе ја формираме ќе донесеме одлука за намалување на цената на зелениот картон и очекувам тоа да не биде помало од 30 проценти и за транспортерите и за граѓаните - изјави Ставрески.

Јонче Поповски, претседател на Националното биро за осигурување, вели дека соработката со Владата е тесна бидејќи редовно се одржуваат заеднички состаноци и се бара најсоодветно решение.

- Македонските граѓани многу малку патуваат надвор од земјава. Само една третина од нив тоа го прават, затоа и не е можно да се оптоварат останатите граѓани кои не патуваат да мораат да плаќаат патничко осигурување заедно со регистрацијата - смета Поповски.

Едногодишен зелен картон за камиони и автобуси во моментов чини 27.500 денари, а за приколката се доплаќа уште 9.500 денари. Со 30-процентно намалување цената на зелениот картон за нив би паднала на околу 300 евра.

Зелениот картон за автомобилите во траење од еден месец веќе неколку години е непроменет и чини 2.450 денари, за три месеци 3.670, за половина година 5.500, а за цела година 9.760 денари.

Билјана Муратовска од Макамтранс- Асоцијацијата на независните синдикати на камионџиите, неколкупати досега потенцирала дека транспортерите плаќаат двапати. Односно, и за осигурување за вршење на транспорт во рамките на нашата земја и кога патуваат во земјите од ЕУ, а тоа не е случај со другите нивни колеги од соседството. Таа објаснува дека во земјите од ЕУ има една премија за сите кои поседуваат возила и токму поради тоа доволно е да се плаќа само осигурувањето од автоодговорност, а не и дополнително за зелен картон.

Инаку, српските возачи од 1 јануари 2012 година во ЕУ ќе влегуваат без зелен картон. Ова деновиве го договори Здружението на осигурувачи на Србија на годишното собрание на Бироата за зелени картони со потпишување на меѓународен договор кој на возачите од Србија ќе им ја овозможи оваа поволност. Тие ќе патуваат со автомобили во речиси сите европски држави без зелен картон, односно за патување ќе биде доволна само регистерска налепница што се добива со нови регистерски таблички, односно со секоја регистрација на возилото. Поволноста на возачите ќе им донесе заштеда од 2.000 српски динари годишно.

Оваа поволност за Србија ќе важи по Нова година, но само за во земјите од ЕУ, а при патување во останатите држави ќе треба да се поседува зелен картон. За Златко Кочовски, управител на СИЗ "Македонија сообраќај" - АМЕРИТ, ваквата одлука на Здружението на осигурувачи на Србија е добра.

- Нивниот пример треба да биде модел како да постапат и нашите осигурителни компании и надлежните органи. Со тоа, се разбира ќе им помогнат на патните транспортери и на граѓаните - вели Кочовски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik